Search

Новата претседателка Сиљановска-Давкова доби официјална честитка од ЕУ 

Денеска, како избрана претседателка, добив официјално соопштение од Европската Унија со кое ми се честита победата на изборите. Темелот на мојата на кампања беше градењето на КОНСЕНЗУС помеѓу сите политички партии во Собранието, како од власта, така и од опозицијата, граѓанското општество и македонските граѓани, независно од нивните разлики. Нашиот клучен стратешки проект е Европската интеграција и истата останува да биде темел за градењето на консензус помеѓу различните чинители во општеството. Потенцирам дека под мое водство нашата надворешна политика ќе продолжи да биде целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија.   Проширувањето останува најголемото надворешно политичко достигнување на Унијата и во овој клучен час за Европа, повикувам на продолжување на пристапниот процес базиран на најважните европски вредности и основните принципи на основачките договори на Европската Унија, меѓу кои се владеењето на правото, демократијата и почитувањето на идентитетот на сите европски граѓани и народи. Како една од основачките на Европското движење во Македонија  (и поранешна Југославија), повеќе од 30 години работам посветено на процесот на евроинтеграција преку афирмација на европските вредности во нашето општество, како и на конкретни граѓански иницијативи за реформи во повеќе сектори, како правосудството, здравството, образованието, безбедноста итн. Особено потенцирам дека секогаш сум се залагала за активно вклучување на граѓаните како клучни чинители во пристапниот процес кон ЕУ. Вчера, на 9 мај го прославивме Денот на Европа, потсетувајќи се на големата идеја на Шуман, за европско обединување базирано на мир и солидарност, јадрото на денешната Европска Унија. Таквата силна симболика е мојот прв и основен принцип по кој ќе се водам како претседателка.     Со нетпрение очекувам да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион.

Треба да знаете
Последни објави