Search

Државниот инспекторат за труд казни 30 работодавци за непочитување на мерките за топло време

Поради воведување на новите владини мерки за заштита од високите температури, Државниот инспекторат за труд врши зачестени контроли на терен, а од вкупно 164 надзори, кај 30 работодавци се изречени забрани за вршење работа, соопшти денеска Јованка Тернчевска, министерка за труд и социјална политика.

Од Влада информираа дека продолжуваат да важат мерките и препораките за заштита на граѓаните од високите температури. Овие мерки ќе бидат со времетраење од 9 дена, од 17 до 25 јули. Поради топлотниот бран што ја зафати земјава, Владата донесе одлука бремените жени и лицата над 60 години да бидат ослободени од работа, во установите за згрижување на децата да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници.

Треба да знаете
Последни објави