Search

Вондрушова победи на Вимблдон

Чешката тенисерка Маркета Вондрушова е победничка на третиот сезонски гренд-слем турнир Вимблдон. Вондрушова до својата прва гренд-слем титула во стигна откако во финалето за само 77 минути ја совлада Онс Жабер од Тунис со 2:0 (6:4, 6:4).

Вондрушова е 42. тенисерка во светот, која не беше носител турнирот во Лондон. Одигра беспрекорно и со само два загубени сета во седум меча дојде до драгоцениот пехар и до победничкиот чек во износ од 2,35 милиони фунти. Тоа е речиси идентично на сумата што ја заработи од турнирите во целата досегашна кариера, во која има и финале на Ролан Гарос во 2019 година. Нејзиниот успех е уште поголем ако се знае дека во претходните четири настапи на Вимблдон оствари само една победа.

Утре на програмата е машкото финале. Во него Новак Ѓоковиќ ќе се обиде да го освои осмиот трофеј Вимблдон и да се израмни со Роџер Федерер. Воедно Србинот ќе атакува на 24-пехар од гренд-слем турнирите.

Противникот на Ѓоковиќ ќе му биде младиот Шпанец, Карлос Алкараз , кој до сега го нема освоено Вимблдон.

Треба да знаете
Последни објави