Search

Србија го забрани извоз на оружје и воена опрема во наредните 30 дена

Српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ потврди дека Владата донела одлука за триесет дена да го прекине извозот на оружје и воена опрема произведена во таа земја.

Претседателот Александар Вучиќ, кој претходно најави ваков потег, одлуката ја образложи со тоа дека „виталниот национален интерес на Србија е загрозен до последен степен“, но не наведе повеќе детали.

Министерот Вучевиќ рече дека е одлучено приоритет кога станува збор за вооружувањето да имаат српските вооружени сили, а со тоа да се зајакне одбранбениот капацитет на земјата.

Министерот посочи дека тоа не значи дека Србија оди во војна, ниту пак повикува на војна, туку дека правилно се проценуваат безбедносните ризици и предизвици.

„Ние следиме се што се случува и постапуваме соодветно. Наша оценка во моментов е дека комерцијалните работи не можат да имаат приоритет пред прашањето за домашната безбедност и дека она што се произведува во наменската индустрија мора пред се да биде насочено кон вооружените сили на Србија, согласно нејзините потреби. Ќе видиме по 30 дена каква ќе биде состојбата, дали ќе продолжи мораториумот на извозот, изјавил министерот Вучевиќ, пренесува Танјуг.

Треба да знаете
Последни објави