Search

Обдукцијата на тинејџерката која почина на Халкидики, покажала дека нема алергиска реакција

Смртта на 16-годишната тинејџерка од Ореокастра во Солун, која почина на Халкидики, во средата во раните утрински часови, откако јадела со другарките во ресторан, не била последица на алергиска реакција.

Резултатите од вештачењето покажуваат дека смртта настанала од аспирација на гастрична содржина.

Според информациите, наведеното го потврдува вештачењето кое е извршено врз телото на девојчето, а се очекуваат и резултатите од лабораториските испитувања кои дополнително ќе ги „расветлат“ околностите на смртта.

Според семејството на несреќната Димитра, 16-годишната девојка била интолерантна на лактоза и алергична на млечни производи, пренесува Protothema.gr.

Тие проценуваат дека доживеала алергиски шок непосредно откако јадела хот-дог во ресторан на Халкидики.

Во меѓувреме, во разговор за Protothema.gr, сопственикот на ресторанот што 16-годишната девојка го посетила рано во средата со својата група, нагласува дека девојката никогаш не спомнала кога ја нарачала храната дека е алергична на одредени производи.

„Се шират лаги дека во нашиот локал починало дете. За тоа дознавме откако девојката отиде на пијачка и падна на два километри од нас, пред ресторан и по извесно време. На келнерот кој ја примил нарачката не му поставила никакви конкретни прашања за храната, вели мојот вработен. Да не известеше дека е алергична, ќе ги прегледавме сите етикети на производите“, нагласува тој.

Тој додава дека девојката нарачала и изела хот дог без сенф и повторува дека ниту еднаш не спомнала дека е алергична на некој производ.

Треба да знаете
Последни објави