Search

Обвинителство во Приштина покренува истрага за тепачката во Собранието на Косово

Основното обвинителство во Приштина ќе покрене истрага за тепачката што денеска се случи во Собранието на Косово, објавуваат косовските медиуми повикувајќи се на соопштение од обвинителството.

Во соопштението се наведува дека обвинителството ја овластило полицијата да ги преземе сите потребни истражни дејствија, вклучително и земање изјави од сите кои се поврзани со денешниот случај. До денешната ескалација на ситуацијата во Собранието на Косово дојде додека премиерот на Косово, Албин Курти, зборуваше од говорница, пратеникот на опозициската Демократскта партија на Косово, Мергим Луштаку, му се доближи и го испрска со вода, по што на овој чин возврати вицепремеирот Бесник Беслими фрлајќи кон него шише вода. Веднаш потоа Луштаку ги турна министрите Хекуран Мурати и Албулена Хаџиу. Во меѓувреме, претседателот на Собранието на Косово ја повика полицијата во собраниската сала, а седницата беше прекината.

Попладнево пратениците на Демократската партија на Косово (ДПК) уште еднаш ја блокираа говорницата на косовското Собрание, откако претседателот Глаук Коњуфца најави одржување на вонредна пленарна седница, која претходно беше прекината.

Треба да знаете
Последни објави