Search

Њујорк е најбогатиот град во светот, дом е на 359.000 милионери и 60 милијардери

Њујорк е најбогатиот град во светот, во кој моментално живеат 359.000 милионери и 60 милијардери, покажуваат најновите истражувања на лондонската агенција „Хенли и партнерс“ и јужноафриканската фирма „Њу Ворлд Велт“ за 2024 година.

Во последните 10 години, бројот на милионери во Њујорк пораснал за 48 отсто, а нивното вкупно богатство сега е повеќе од три трилиони долари, што е повеќе од БДП на земји како Бразил, Италија или Канада, пренесува ЦНБЦ.

На второ место е Сан Франциско и целата област на заливот, каде популацијата на милионери пораснала за 82 отсто во последната деценија на 305.700, а оваа област води по бројот на милијардери, со 68.

Соединетите Американски Држави предничат по бројот на богати градови, бидејќи 11 од 50-те најбогати градови во светот се наоѓаат во таа земја.

На трето место е Токио со 298.300 милионери и 14 милијардери.

Во првите десет влегоа и Сингапур, Лондон, Лос Анџелес, Париз, Сиднеј, Хонг Конг и Пекинг.

Еден кинески претставник за прв пат се најде на листата на 10-те најбогати градови во светот, бидејќи бројот на милионери во Пекинг се зголеми за 90 отсто на 125.600 во последната деценија.

Француски Фигаро посочува на фактот дека во Париз и во целиот париски регион Ил де Франс се регистрирани 165.000 милионери и 23 милијардери, што теоретски значи дека секој 74.ти жител на таа област е милионер.

Шармот на „француската ривиера“ сè уште постои, бидејќи повеќе од 25.000 милионери и девет милијардери, се населиле во крајбрежниот појас меѓу Ница и градот Езе, истакнува Фигаро.

Ако ја погледнеме само Европа, Милано, Франкфурт, Цирих или Женева исто така високо котираат на листата на најбогати градови.

Треба да знаете
Последни објави