Search

Убиени шест полицајци во бомбашки напади во Мексико

Шест полицајци и агенти на обвинителството се убиени, а 12 други се ранети во координирана серија бомбашки напади покрај патишта во западно Мексико.

Официјалните лица тврдат дека станува збор за заседа поставена од нарко картел.

Гувернерот на државата Халиско, Енрике Алфаро, рече дека стапицата во градот Тлајомулко била поставена кога анонимен јавувач известил за локацијата на наводните тајни гробишта. На терен веднаш биле испратени сили за лоцирање на спорната локација.

Додека полицискиот конвој минувал покрај местото на заседата, седум рачно поставени експлозивни направи, поставени на патот, експлодирале истовремено, пренесуваат британските медиуми. Осмата направа не експлодирала.

-Ова е брутален терористички напад, рече Алфаро на прес-конференција, обвинувајќи за смртта неименуван нарко картел. 

Треба да знаете
Последни објави