Search

Зеленски: Самитот во Вилнус треба да потврди дека Украина е всушност членка на НАТО

 Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека мнозинството во НАТО е категорично „за“ неговата земја, а самитот на Алијансата во Вилнус треба да потврди дека Украина е всушност членка на пактот, пренесоа британските медиуми.

-Мнозинството во алијансата е категорично „за“ нас. Кога аплициравме за членство во НАТО, отворено кажавме: всушност, Украина е веќе во Алијансата. Нашето оружје е оружјето на Алијансата. Нашите вредности се оние во кои верува и Алијансата. Вилнус мора да го потврди сето ова, истакна Зеленски во вечерното видео обраќање.

Зеленски додаде дека на форумот ќе се разговара и за обезбедување на повеќе оружје за Украина во војната со Русија. Од средбата во Вилнус, според него, „можат да дојдат добри вести што се однесува до вооружувањето“. 

Треба да знаете
Последни објави