Search

ЕК го казни производителот на  „милка“ и „тоблероне“ со над 337 милиони евра за задржување на високите цени

Еден од најпознатите производители на чоколади во светот доби висока казна од Европската комисија. Антимонополските власти му одредиле казна од 337,5 милиони евра на американскиот прехранбен гигант „Монделес“ поради незаконско ограничување на конкуренцијата во трговијата со чоколадо, бисквити, крекери, гуми за џвакање, крем сирење и кафе. Според Комисијата, компанијата ја попречувала прекуграничната трговија на своите производи и со тоа обезбедила претерано високи цени за своите брендови, пишува „Дојче Веле“.

„Монделес“ произведува голем број познати брендови меѓу кои „милка чоколада“, „тоблероне“, бисквити „Орео“, крем сирење „Филаделфија“… Седиштето на компанијата, која вработува околу 80.000 луѓе и годишно продава слатки за повеќе од 33 милијарди евра, се наоѓа во Чикаго, САД.

„Високите цени на штета на потрошувачите“

Органите за конкуренција на ЕУ тврдат дека компанијата ги спречила нејзините трговски партнери да купуваат производи на Монделез поевтино во една земја на ЕУ и да ги препродаваат во друга.

„Монделес го направи ова за да ги задржи високите цени на своите производи на сметка на потрошувачите“, рече еврокомесарката за конкуренција Маргрете Вестагер.

Вестагер нагласи дека таканареченото паралелно тргување е особено важно во време на висока инфлација за да се намалат цените за потрошувачите на европскиот пазар. Таа рече дека разликите во цената на чоколадото меѓу земјите-членки се движат меѓу 10 и 40 проценти, а „некогаш и повеќе“.

Највисоката казна досега за компанија за храна

Комисијата на ЕУ ја започна истрагата во 2019 година, а официјалната постапка ја отвори во јануари 2021 година. Властите на ЕУ сега објавија дека Моделез 22 незаконски договори во повеќе земји на ЕУ помеѓу 2004 и 2020 година. На пример, еден договор бараше клиентите на Монделез да наплаќаат повисоки цени за извоз отколку за домашна продажба.

„Монделес“ зборува за „поединечни случаи“ и вели дека парите за казната биле издвоени минатата година.

Всушност, казната требаше да биде уште поголема. Меѓутоа, бидејќи Монделез соработуваше со Европската комисија и експресно ја призна својата одговорност, компанијата доби 15 проценти ослободување од казната, според надзорното тело на ЕУ за конкуренција.

Казната изречена во четврток е највисоката казна што Комисијата на ЕУ досега ја изрече на компанија за храна и е една од десетте највисоки казни воопшто.

Треба да знаете
Последни објави