Search

Стефковски оствари средба со Амбасадорот на Италија 

Денес во посета на општина Гази Баба беше Амбасадорот на Италија во Република Македонија Н.Е. Андреа Силвестри при што оствари средба со градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски.

За средбата, градоначалниот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

Денес во просториите на општина Гази Баба остварив средба со Амбасадорот на Италија Н.Е. Андреа Силвестри.

На средбата разговаравме за унапредување на понатамошна соработка во областа на образованието како важен сегмент од општеството. Истовремено пред Амбасадорот го презентиравме индустрискиот потенцијал за привлекување на италијански инвестиции на нашата територија.

Изразив подготвеност, општина Гази Баба да воспостави соработка со општини и градови од Италија со цел продолжување на македонско-италијанско пријателство и разменување на искуства.

Италија како напредна земја членка на Европската унија може да помогне во справувањето со предизвиците со кои ние секојдневно се соочуваме. – напиша Стефковски.

Треба да знаете
Последни објави