Search

Силјановска – Давкова: Стево ми ѕвонел, ама телефонот сум го оставила дома

Немав многу време да го следам говорот на господинот Стево Пендаровски, но фатив неколку инсерти. Рекол дека ми ѕвонел на телефон за да ми честита, ама за жал, сум го заборавила телефонот дома,рече Гордана Силјановска Давкова која освои најмногу гласови на претседателските избори за која се поизвесно е дека ќе биде и е првата жена претседател на Македонија, па пратила луѓе да и го донесат.

– Мислам дека критиката на бојкотот и на обидот да се киднапира избирачкото право, е добра констатација. Јас кажувам дека сум свесна дека изборната кампања и дебатите се најстрасниот политички процес, но некако во дебатите со Пендаровски завршивме пристојно. Да речам дека таквата оценка има во себе елемент на државнички однос, нешто што не беше многу присутно во овие 30 години во Македонија, рече таа во дел од обраќањето одговарајќи на новинарско прашање за нејзиниот противник На новинарско пашање за нејзиниот политички опонент.

Треба да знаете
Последни објави