Search

По повикот на Битиќи и Костадинов си поднесе оставка од СДСМ

Откако вечерва потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи поднесе оставка и го повика целокупното раководство на партијата да поднесе оставка, по кусо време се јави уште еден потпретседател кој поднесе оставка.

Станува збор за актуелниот градоначалник на општина Валандово, Перо Костадинов

„Почитувани граѓани и драги сопартијци, по изборните резултати, поднесувам оставка од мојата партиска функција, потпретседател на СДСМ.

Најважни се слободата, мирот и напредокот на Македонија. Граѓаните, денес гласаа на демократски избори, и на слободен начин ја изразија сопствената волја.

Како држава, можеме да продолжиме напред само преку заедништво и добронамерност. Потребни ни се внатрешни и надворешни партнерства, силни институции и интеграција на земјата во ЕУ. Сонот за подобар живот дома, е на сите нас.

СДСМ ќе се реформира, затоа што му е неопходна на општеството. Како државотворна партија која секогаш ја негува демократијата, ја гарантира слободата на граѓаните и никогаш не поттикнува меѓуетнички судири, како столбови на нашиот опстој“ пишува Костадинов.

Треба да знаете
Последни објави