Search

Кисела Вода: Пристапни патеки, паркизи и зелени површини во Расадник и 11 Октомври- згради

Кисела Вода добива модерен и урбан лик. Во изминативе неколку дена активно се работеше на израдба на нови пристапни патеки, паркинг места и зелени површини во населбите Расадник и 11 Октомври згради, на површина од над 1000м2. Интензивно се изведуваа градежни активности за обезбедување на нови паркинг места во 11 Октомври – згради, со што се реши еден од поголемите проблеми со кој се соочува жителите од оваа населба. Со павер елементи се уредија и пристапните пешачки патеки кои со години наназад беа оштетени и дотраени. Во Расадник, кај ,,Кулите”, исто така Оштина Кисела Вода гради нови и ги обновува постоечките пристапни патеки, влезовите и патеките помеѓу зградите, но се обновува и проширува и зеленилото со што, од еднa сива, овој дел од Кисела Вода прераснува во зелена населба украсена со нови садници.

-Грдата слика за Кисела Вода заминува во историјата, нашата мисија е модерна, урбана и европска општина за која ќе се зборува во суперлативи. Во периодот што следи, откако ќе завршиме со отпочнатите градежни активности во другите населби, ќе продолжиме да го уредуваме и оплеменуваме просторот во истите. Креираме подобри услови за живот за нас, нашите деца и нашата Кисела Вода-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Треба да знаете
Последни објави