Search

Муцунски: Во општина Аеродром се реконструираат две нови спортски игралишта, инвестициите ќе продолжат 

Интегрален текст од изјава на Тимчо Муцунски, градоначалник на Општина Аеродром

„Денес заедно со претседателот Мицкоски и претседателот на совет, Митевски направивме увид на повеќе завршени проекти од областа на спортот и рекреативната култура. Почнавме кај ОУ „Љубен Лапе” каде што целосно се реконструирани две нови спортски игралишта, продолживме кај ОУ„Ѓорѓија Пулевски” каде што има целосна реконструкција на спортската и рекреативната инфраструктура во дворот на основното училиште и завршуваме на оваа локација, позната кај аеродромци како Жути Арена. Ова е локација која што многу е искористена, еве гледате и по денешното присуство на мали дечиња во делот на спортот и рекреацијата. Целосно се реконструира објектот, има сега трибини, нова најсовремена подлога што значи ние продолжуваме со ваков тип на инвестиции, посебно со периодот поврзан со летниот период каде што на младите им е потребна се повеќе локации каде што може активно да спортуваат.

Ќе продолжат инвестициите и во следнио период, ние работиме плански, во текот на летниот период кога е намалена гужвата во сообраќајниот режим отпочнавме со инфарструктура со повеќе објекти од уличната инфраструктура, тие проекти ќе продолжат и во следниот период, најавуваме низа други проекти. Но со жалење морам да констатирам дека во моментот владата на Република Македонија, во општина Аеродром, општина на која насушно и се потребни нови градинки и проширување на капацитетите на училиштата ја блокира обврзницата за Аеродром. Обврзница која што не беше наменета за непродуктивни расходи, туку обврзница која што беше строго наменета за капитални проекти. Се надеваме дека таму разумот и свеста ќе преовладат бидејќи ова е проект кој што веќе добил соодветни одобренија и од Министерството за финансии и од страна на Комисијата за хартии од вредност, што значи дека се чека само едно техничко одобрение од владата, но тоа техничко одобрение во моментот кочи од отпочнување на градежни работи, на проекти кои што од наша страна година и половина се подготвуваа да дојдат до фаза каде што можеме истите да ги тендерираме, да ги изведеме дека ќе ја доведеме општината во ситуација, општината со најголем раст на население, да ја доведеме до состојба каде што веќе нема дечиња да чекаат за место во градинка и нема да бидеме во ризик уќениците во неколку училишта да одат во трета смена.

Доколку оваа техничка одлука се блокира од страна на владата во тој момент веќе целосната одговорсност за сите овие недостатоци кога од наша страна се обезбедени проектите, кога од наша страна е обезбеден начинот на кој може да се финансираат овие проекти, веќе товарот на одговорност се префрлува кај централната власт која што за жал, таа практикува и да издава обврзници, но тие обврзници кои што таа ги издава се за непродуктивни трошоци, ние велиме сакаме да спроведуваме капитални инвестиции.

Треба да знаете
Последни објави