Search

Ноќеска експлозии во близина на полициските станици во Звечан и Северна Митровица

Во текот на ноќта се слушнале неколку експлозии во близина на полициските станици во Звечан и Северна Митровица, потврди заменик директорот на Регионалната полиција, Ветон Ељшани.

Тој за косовските медиуми изјави дека најверојатно станува збор за шок бомби.

Според него, од овие експлозии нема повредени, но оштетен е полициски автомобил.

Полицијата го истражува случајот.

Треба да знаете
Последни објави