Search

Почнува осмото издание на „Вдиши театар“

Со претставата „Бара“ на театарската група при Црвен крст Охрид вечер во предворјето на црквата „Света Софија“ почнува осмото издание на Аматерскиот младински театарски фестивал „Вдиши театар“.

Претставата „Бара“, како што соопшти Охридскиот Црвен крст, е исповед на жртвите на еден систем и нивните животни предизвици. Сценариото и режијата се на Емилија Блажеска, Весна Терзиоска и Јованска Сион Доленц. Играат: А. Мојсоска, А. Карали, Ѓ. Целески, К. Крежевска, К. Ристески и С. Јаковлева.

Според програмата, утре театарската група при Црвен крст од Суботица, Србија, ќе ја одигра претставата за врсничко насилство и последиците од него „Била је то само игра“ во режија на Марко Вујевиќ.

В петок ќе настапи театарската група при Црвен крст од Крагуевац, Србија, со претставата „Твоју грешку чекају“ од Татјана Џаковиќ, во режија на Лазар Јовичиќ.

Аматерскиот младински театарски фестивал „Вдиши театар“, ќе трае до 18 јуни, а влезот за претставите е слободен. 

Треба да знаете
Последни објави