Search

Една порција – само 16 калории, а го намалуваат ризикот од рак и срцеви заболувања

Покрај тоа што краставиците се добри за хидратација, постојат уште неколку причини зошто треба почесто да ги консумирате. Имено, со порција краставици дневно ќе го намалите ризикот од дијабетес, подолго ќе бидете посити, а ќе имате и одлично варење.

Според студијата објавена во стручното списание Filotherapy, краставиците се богати со хранливи материи кои спречуваат надуеност, а исто така се добри и за решавање на други видови стомачни проблеми.

„Благодарение на нив ќе можете да го одржувате здравјето на вашите црева“, изјавила нутриционистката Лиза Ричардс.

Истражувањата исто така покажаа дека краставиците ги отстрануваат штетните слободни радикали благодарение на нивните антиоксидантни својства. Антиоксидансите го блокираат оксидативниот стрес – хемискиот процес кој создава штетни слободни радикали – кој се покажа дека придонесува за рак и срцеви заболувања.

Треба да знаете
Последни објави