Search

(Видео)Припадниците на косовската полиција не се киднапирани, туку уапсени во Рашка

Уапсените припадници на косовската полиција се пронајдени „длабоко на територијата на централна Србија“, тврди директорот на Канцеларијата за Косово, Петар Петковиќ.

Петковиќ на прес-конференција во Владата на Србија изјави дека тројца косовски полицајци се уапсени во атарот на селото Гњилица, во Рашка и ја преминале административната линија.

„Припадниците на нашата полиција не стапнаа на територијата на Косово. Оние кои ја прекршија резолуцијата 1244 се албански терористи, припадници на косовската полиција“, рече тој, пренесе „Н1“.

„Терористите“, како што ги нарече, не се киднапирани, туку пронајдени длабоко на територијата на централна Србија, со оружје,  мапи и опрема за надзор.

Треба да знаете
Последни објави