Search

Младите Уругвајци го освоија Светското првенство

Репрезентацијата на Уругвај го освои Светското првенство за млади фудбалери. Беа подобри од селекцијата на Италија со 1:0. Финалето на Мундијалот, за играчи до 20 години се играше на стадионот „Диего Армандо Марадона“ во Ла Плата.

Дуелот беше решен со голот на Лучијано Родригез во 86. минута.

Работата на младите Уругвајци им беше олеснета од 81. минута кога во соблекувалната беше испратен Матео Прати.

Инаку, натпреварот не изобилуваше со многу шанси можности, но Уругвај ја заслужи победата и трофејот. Фудбалерите на Уругвај доминираа бидејќи имаа 15 удари кон противничкиот гол, а Италијанците само два.

Ова е прва титула светски шампион на Уругвај на оваа возраст. Бронзениот медал во Аргентина го освои селекцијата на Израел, која беше подобра од Јужна Кореја.

Треба да знаете
Последни објави