Search

Кој да ги казни „пајаците“ кои катадневно прават сообраќаен прекршок !?

Сообраќајната (не)култура е еден од горчливите проблеми во македонската метропола – Скопје. Тесни сообраќајни грла се просторите наменети за паркирање и улиците-булеварите кои многу често и долго се реконструираат, па се создава метеж од автомобили што само дополнително ја крева нервозата кај возачите.

Сообраќајните правила и прописи и во вакви наметнати услови на функционирање во градот мора да се почитуваат. МВР катадневно излегува со информации колку возачи санкционирале оти ги прекршиле прописите за безбедно одвивање на сообраќајот. Само така може да се воведе ред, но законот треба да важи за сите подеднаково.

Оние кои „трчаат“ низ градот со „пајаците“ по неправилно паркирани автомобили, катадневно си ги прекршуваат правилаат. За побрзо да стасаат во депото и да направат нова тура за да ја поднаполнат касата тргнувајќи во потрага по нови прекршители, си вртат на двојна полна линија и никому ништо. За ваков прекршок следува и времено одземање на возачка дозвола, ама за кого !?

Граѓаните со право прашуваат кој да ги казни „пајаците“ што катадневно по којзнае колку пати го повторуваат истиот прекршок и никому ништо.

Со надеж дека ќе се најдат и „пајаците“ во билтенот на МВР за изречени санкции поради сторени прекршоци, граѓаните катадневно ги ловат како ги преминуваат двет полни линии !

Треба да знаете
Последни објави