Search

Евроамбасадорот Гир ја честита победата на Силјановска-Давкова

Амбасадор на Европската Унија во Република Македонија Дејвид Гир, утрово на Х и ја честиташе победата на Гордана Сиљановска-Давкова на вчерашните претседателски избори.

Честитки до Гордана Силјановска-Давкова за нејзиниот избор за претседателка на Македонија. Очекувам тесна соработка со неа за европската иднина на земјата, напиша Гир на Х.

Според последните резултати објавени на сајтот на ДИК, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска – Давкова освоила 560.170 гласови (65,14%), а нејзиниот противкандидат Сево Пендаровски од СДСМ 251.541 (29,25%).

Треба да знаете
Последни објави