Search

Претседателот на ПСЖ, Ал-Хелаифи со клучна улога во преговорите за Манчестер јунајтед

Претседателот на Пари Сен-Жермен, Насер Ал-Хелаифи имал значајна улога во преговорите за купување на Манчестер јунајтед од групацијата предводена од катарскиот шеик Џасим, тврди „Атлетик“.

Јунајтед беа ставени на целосна или делумна продажба од американското семејство Глејзер минатиот ноември, и по низа одложувања главни кандидати за купување останаа „Најн ту“ фондацијата на катарскиот шеик и британскиот милијардер, Сер Џим Ретклиф. Шеикот првично се консултирал со Ал-Хелаифи околу проценката за вредноста на Јунајтед, која Глејзери ја поставија на 8 милијарди долари, но потоа бил контактиран од Глејзери за да стане посреник во преговорите.

Оваа недела се објави дека Катарците дале „последна“ понуда за клубот и барале одговор до петок.

Треба да знаете
Последни објави