Search

Ограбена екпозитура на Стопанска банка во ТЦ „Беверли Хилс“

Утринава била ограбена „Стопанска Банка“ во трговскиот центар „Беверли Хилс“ во скопски Капиштец.

Според информациите на А1он, во банката влегло маскирано лице вооружено со пиштол. Тој им се заканил на вработените вперувајќи го пиштолот кон нив. Побарал да му ги дадат сите пари, по што побегнал со пленот.

Очевидци сведочат дека вработените од банката излегле надвор, а набргу потоа стигнала и полицијата и екипи на крим техника.

Според добиената информација од МВР, грабежот се случил околу 09.30 часот.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави