Search

Паланчанец делел бонови за гориво во изборен молк

МВР информира дека за време на предизборниот молк регистрирани се неколку настани, за кои се преземени и соодветни мерки од страна на полициски службеници. 

Еден од нив се случил во Крива Паланка.

„На 07.05.2024 во координација со ОЈО Куманово преземени се активности во врска со  настан дека лице од Крива Паланка на повеќе граѓани од Крива Паланка делело бонови за точење на гориво на бензинска пумпа. Извршен е претрес на простории на бензинската пумпа, каде во присуство на Ј.Ј. и М.Ѓ. биле пронајдени пет бонови за гориво во вредност од по 1.000 денари со втиснат датум од 08.05.2024 и еден бон за гориво во вредност од 2.000 денари, шест фискални сметки, а во торбата која ја носел вработениот пронајдени се два бона за гориво во вредност од по 1.000 денари и фискална сметка. Во просториите на ПС ОН Крива Паланка повикани се Б.С., С.М., М.Ѓ. и М.Д., сите од Крива Паланка поради извршување на службен разговор и се преземаат мерки за расчистување на случајот“ велат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави