Search

Почнува првото Европско првенство во секс: Гркинка и Хрватка ќе го преставуваат Балканот, Србин стои зад се

За прв пат во историјата се организира Европско првенство во секс! Домаќин е Шведска, а на сцената ќе има 20 учесници, а турнирот почнува на 8 јуни и ќе трае два месеци.
Ако се прашувате каква врска има ова со спортот… Во Шведска ова го третираат како спорт!

Имаат дури и Шведската федерација за секс, која е официјална спортска асоцијација, која организира натпревари во својата област. Сега отидоа чекор понатаму, па дури и го организираа Европското првенство. По десет мажи и жени ќе се борат во 16 дисциплини под будното око на судиите да соберат што повеќе поени и да добијат медал.

Учесниците кои ќе учествуваат на овој натпревар ќе треба да се вклучат во секс сесии кои ќе траат до шест часа на дневна основа. Еден соло натпревар барем ќе трае добри 40-45 минути. Учесниците ќе треба да се натпреваруваат во различни категории вклучувајќи, предигра, орален секс, пенетрација, познавање на ерогените зони и сл.

Детали за дисциплините како и начинот на бодување може да ги прочитате во угледниот шпански спортски весник Марка.

Што се однесува до регионот претставник ќе биде дама која доаѓа од Хрватска. Таа земја ќе ја претставува Марија Задравец (27). Таа очекува на претстојниот натпревар да се претстави во најдобро можно светло.


– За првите три места има богата награда, но точните суми засега не можам да ги кажам. Медал ќе добијат и најдобрите. Швеѓаните интимната врска ја сметаат за спорт… Исто така, победникот на натпреварот оди директно на Светско првенство – изјави Марија која објави дел од реквизитите кои ќе ги користи.

Инаку, првиот човек на Шведската федерација за секс е Србин – Драган Братиќ! Тој е задолжен и за организацијата на претстојното големо натпреварување кое привлекува огромно внимание.

– Има огромен интерес за овој натпревар во многу земји! Ќе биде забавно да се види кој е европски шампион во секс – изјави Братиќ.

Досега се потврдени следниве учесници на Европското првенство во секс:
Ен Џој (Финска), Селва Лапиедра (Шпанија), Секси Лекси (Португалија), господин Лоренцо Виота (Франција), Нек Синер (Грција), Метју Мајер (Украина), Барби Синс (Велика Британија), Мистер Ридл (Русија) и Свит Мери (Хрватска), Мугур (Романија).

Треба да знаете
Последни објави