Search

Уапсен полицаец осомничен за убиство на маж во Прибој 

Припадникот на Министерството за внатрешни работи на Србија, кој е осомничен за убиството на млад човек во Прибој, е уапсен во Требиње, соопшти српското МВР, по акција спроведена во соработка со МВР на Република Српска.

По Игро А.(28), роден во Прибој, кој е вработен како полицаец во Белград, се трага од неделата утрото, поради сомнение дека извршил убиство.

Тројца од Прибој се зад решетки, под сомнение дека му помогнале на Игор А. да избега – девојка вработена како граничен полицаец, еден од неговите пријатели и роднина. Во вторникот, судијата за претходна постапка на Вишиот суд во Ужице им одреди мерка притвор до 30 дена поради сомнение дека сториле кривично дело помагање на сторителот по извршувањето на делото.

Кобната ноќ, Игор А. го удрил Еврин Ќелахметовиќ со три тупаници во главата, во близина на кафеана во центарот на Стари Прибој. Од повредите, Ќелахметовиќ паднал и изгубил свест, а два часа подоцна починал во болницата во Прибој поради крварење на мозокот предизвикано од кинење на голем крвен сад.

По прегледувањето на снимката од безбедносната камера, констатирано е дека дошло до кратка расправија меѓу полицаецот и несреќниот Емир, која кулминирала со трагедијата.

Осомничениот побегнал од местото и по него е започната потрага.

Треба да знаете
Последни објави