Search

Надал се повлече и од Вимблдон

Рафаел Надал и официјално се повлече од Вимблдон.

Откако неодамна објави дека нема да биде на неговиот омилен турнир – Ронал Гарос, кој го освои 14 пати во кариерата, љубителите на тенисот се надеваа дека Рафа ќе може физички да се подготви до почетокот на Виблдон, кој е закажан од 3-ти до 16 јули.

Сепак, сега е јасно дека ништо нема да излезе од тоа, а местото на Шпанецот на лондонската трева ќе го заземе рускиот тенисер Роман Сафиулин.

Имаше надеж дека Надал може да се врати подоцна оваа сезона, можеби за финалето на Дејвис купот, но како што стојат работите, се поблиску е да не го видиме на теренот до крајот на сезоната.

Во тој случај, еден од најдобрите тенисери на сите времиња би останал без ниту еден трофеј во сезоната, што би бил прв таков случај по речиси две децении.

Тој потсети дека на конференцијата на која најави дека ќе го пропушти Грен слем во Париз, Надал најави дека следната натпреварувачка година ќе биде последна во неговата кариера.

Треба да знаете
Последни објави