Search

Арсенал загуби и од „шумарите“, Сити е шампион на Англија

Екипата на Арсенал загуби на гостувањето кај Нотингем Форест со 1-0 и ги загуби и теоретските шанси за титулата во Премиер лигата. Единствениот погодок на мечот беше дело на Авони во 19-тата минута.

Сето ова значи дека Манчестер Сити трета година по ред е шампион на Англија, со оглед на тоа дека има недостижна предност на врвот на табелата во Премиер лигата. За “граѓаните“ ова е деветта титула во историјата, но дури седма во последните десеттина години и ерата на шеиците.

Со овој триумф „шумarите“ го обезбедија опстанокот и ги натераа навивачите на Сити да излезат на улица и да ја прослават својата тригодишна доминација на Островот – шампионската трка е завршена, иако тимот на Пеп Гвардиола има уште два натпревари за играње (Арсенал има еден).

„Топчиите“ кои беа на првото место 248 дена ги реши голот на Таиво Авонији во 19. минута откако Мартин Едегор направи погрешно додавање во центарот, а Морган Гибс-Вајт му асистираше на напаѓачот од Нигерија.

Сити, кој утре игра со Челзи во првенството, на 3 јуни го брка трофејот во ФА Купот – ривал им е Манчестер Јунајтед, а седум дена подоцна во Истанбул против Интер атакува на првата европска шампионска титула во историјата.

Треба да знаете
Последни објави