Search

Хезоња: Да сум тука, и јас би врескал против Реал Мадрид

Реал Мадрид го совладаа Партизан во третиот четвртфинален натпревар од плеј-офот (82:80) и ја продолжија серијата кој прв до три победи за пласман на завршниот турнир во кошаркарската Евролига. Белгардски Партизан има водство од 2:1 во победи, а втора-меч топка пред своите навивачи ќе има утревечер за кога е закажан четвртиот натпревар. За разлика од натпреварите во Мадрид каде белградскиот тим победи на вапати, а навивачите на Партизан го поздравуваа Марио Хезоња, овојпат Хрватот беше исвиркан на загревањето, како и сите други играчи на Реал, а најлошо помина Џанан Муса, кој беше жестоко навредуван.

„Цел свет знае каква ќе биде атмосферата овде. Овде се едни од најдобрите навивачи во светот. Ние сме во ситуацијата во која се наоѓаме, сите знаевме каков ќе биде пречекот, но капа долу на сите, немаше серизен проблем. Луѓето го поддржуваат својот клуб. Јас да сум тука, исто така би сакал да врескам против Реал Мадрид. Имавме премногу грешки на почетокот, ќе треба да видиме на тренинг како да се поправиме за натпреварот в четврток и да се обидеме повторно да победиме“, изјави Марио Хезоња.

Треба да знаете
Последни објави