Search

Поддршката за британското кралско семејство на рекордно ниско ниво

Јавната поддршка за кралското семејство во Велика Британија, во пресрет на крунисувањето на кралот Чарлс Трети што ќе се одржи на 6 мај, е на историски најниско ниво покажуваат резултатите од новото истражување.

Анкетата на Националниот центар за социјални истражувања покажува дека само тројца од 10 Британци мислат дека монархијата е „многу важна“, што е најниско ниво на поддршка во историјата. Според наводите, вкупно 45 отсто од испитаниците се изјасниле дека монархијата треба да се укине, дека таа воопшто не е важна или не е од големо значење.

Во едно минатогодишно истражување, 35 отсто од испитаниците дале еден од тие три одговори.

Новото испитување посочува дека бројот луѓе кои мислат дека монархијата е „многу важна“ е на најниско ниво од 1983 година, т.е. почетокот на собирањето на овие податоци во Кралството. Само 12 отсто од луѓето на возраст 18 – 34 години ја сметаат монархијата за „многу важна“, во споредба со 42 отсто од оние со над 55 и години.  

Треба да знаете
Последни објави