Search

Најмалку 12 загинати во гранатирањето на Уман и Днипро, гранатиран и Киев

Неколку украински градови, меѓу кои и главниот град Киев, синоќа беа погодени од руски ракети. Министерот за внатрешни работи на Украина, Игор Клименко, соопшти дека во синоќешниот руски ракетен истрел врз градовите Днипро и Уман и Киевската област загинале 12 лица, а 17 се повредени.

Две лица загинаа во Днепар, меѓу кои жена и тригодишно дете, изјави локалниот градоначалник, пренесе Би-би-си.

Фотографиите на социјалните мрежи од централниот град Уман покажуваат тешко оштетена деветкатна зграда откако била погодена. Експлозии се слушнале и во градовите Кременчук и Полтава, пренесува Интерфакс.

Шефот на воената управа на градот Киев изјави дека ова е прв руски ракетен напад врз главниот град по 51 ден.

Засега нема информации за жртви во главниот град.

Во Украинка, Киевската област, две лица се повредени. Командантот на вооружените сили на Украина Валериј Залужни објави дека вооружените сили на Украина собориле 21 од вкупно 23 руски крстаречки проектили, како и двe беспилотни летала.

Треба да знаете
Последни објави