Search

Кинескaтa „шкорпија со две опашки“ го вознемири Тајван

Кинеско борбено беспилотно летало за кое државните медиуми тврдат дека може да носи тешко оружје лета околу Тајван во необични формации, тврди тајванското Министерство за одбрана.

Министерството соопшти дека дронот ТБ-001 е еден од 19-те воени авиони кои влегле во тајванската зона за идентификација на воздушната одбрана (АДИЗ) во период од 24 часа.

Прво ТБ-001 го премина каналот Баши кој го дели Тајван од Филипините, а потоа полета источно од Тајван пред да се врати на кинескиот брег, пишува Гардијан.

Кинеската Народноослободителна армија (ПЛА) редовно испраќа авиони во зоната за идентификација на противвоздушната одбрана на Тајван, но комплетните кругови околу островот се исклучително ретки.

Кинеските државни медиуми го нарекуваат ТБ-001 како „шкорпија со две опашки“ и прикажуваат слики од него со проектили под крилата. Тие тврдат дека е способен за мисии на голема височина и има долг дострел.

Кинеските воздухопловни сили претходно летаа како што ги нарекуваат мисии за опкружување на островот со бомбардерот H-6 со нуклеарен капацитет.

Треба да знаете
Последни објави