Search

Алегри по поразот од Интер во полуфиналето на купот: Не „фатија“ на спиење во првите 15 минути

Екипата на Интер успеа да го совлада Јувентус на вториот полуфинален натпревар со 1-0 и да обезбеди пласман во финалето на Купот на Италија. Човекот на одлука на овој интересен и докрај неизвесен натпревар беше Федерико Димарко, кој го постигна единствениот погодок на мечот уште во 15-тата минута.

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри им замерува на своите фудбалери дека биле заспани во првите 15 минути од средбата, период кога Интер и го постигна погодокот за победа.

Интер на првиот натпревар беше пред пораз, но тогаш Лукаку со гол од пенал во 95-тата минута израмни на 1-1 и оваа минимална победа беше доволна да се елиминира “старата дама“ во полуфиналето.

„Во првите 15 минути од првото полувреме бевме заспани. Потоа заигравме подобро, но немавме многу шутеви кон противничкиот гол, а Интер покажа дека е психички стабилна екипа. Мора да ги наполниме батериите. Загубивме на четири од последнтие пет меча во Серија А, сега сме елиминирани од Купот и од утре мора да направиме нов фокус. Играме полуфинале во Лигата на Европа и треба да ја одбраниме позицијата во Серија А“, рече Алегри по елиминацијата во Купот.

Интер својот противник во финалето ќе го дознае утре откако ќе се одигра реваншот помеѓу Кремонезе и Феорентина, но сосема е извесно дека тоа ќе биде составот од Фиренца, бидејќи имаат предност од 2-0 од првиот натпревар кој го одиграа на гостински терен.

Треба да знаете
Последни објави