Search

Темната тајна на кафуле во хрватски град: Келнерките се всушност проститутки, а клиентите познати лица

Полицијата истражува случај на елитна проституција во Копривница, Хрватска, која наводно се организирала во популарно градско кафуле.

Како што деновиве неофицијално дознава порталот „Даница.хр“ од извор близок до истрагата, се сомнева дека келнерките на кафулето во Копривница биле вклучени во давање сексуални услуги. Станува збор за ескорт проституција, тврди соговорникот на „Даница“, а тоа го поткрепуваат и фотографии од атрактивни келнерки од социјалните мрежи.Полицијата наводно веќе испрашала некои девојки кои се осомничени дека давале сексуални услуги за пари. Барем еден од нив признала се’, додава добро упатен во целата приказна, пренесе „Јутарњи“.„Даница.хр“ пишува дека десетици мажи од Копривница и околните градови во последните месеци ги користеле услугите на елитните проститутки.Меѓу нив се познати менаџери, претприемачи, спортисти, богати граѓани на влијателни позиции, открива еден од соговорниците, кој поради околностите бил запознаен со случајот.Се’ се случувало во изминатите месеци, а кулминирало кога полицијата се посомневала дека нешто чудно се случува ноќе во едно популарно кафуле. Се вели дека тајниот полициски истражител тогаш наводно дејствувал како „клиент“ и успеал да ги потврди сомнежите за проституција.

Треба да знаете
Последни објави