Новата германска амбасадорка Дрекслер на средба со претседателот на Собранието Џафери

 Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери денеска ќе има протоколарна средба со новоименуваната германска амбасадорка во земјава Петра Дрекслер.

Амбасадорката Дрекслер на 6-ти овој месец му ги предаде акредитивните писма на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Петра Дрекслер доаѓа на местото на Анке Холштајн, која ја извршуваше функцијата амбасадорка на Република Германија во Скопје од 2020 година.

Треба да знаете
Последни објави