Search

Најстудено на Попова Шапка со -10 степени

Минусни температури утрово се измерени на Попова Шапка – 10 степени Целзиусови, -7 во Маврови Анови, -4 во Берово, Крушево и Скопје-Петровец, -3 во Тетово, -2 во Крива Паланка, Охрид, Претор и Штип, -1 во Скопје-Зајчев Рид, Виница, Дебар, Струмица и Демир Капија.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека нула степени се регистрирани во Битола и Прилеп, 1 во Куманово, 3 во Дојран и 4 во Гевгелија.

Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува пет сантиметри.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени.

Во Скопје сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне 14 степени.

Треба да знаете
Последни објави