Search

Ружин: СДСМ останува голема партија, таа е единствена што може сериозно да се соочи со ВМРО ДПМНЕ

„СДСМ и натаму останува голема партија, таа пред сè добро е мрежно организиранa низ целата држава, единствено таа може да направи нешто во смисла – да се соочи сериозно со ВМРО ДПМНЕ, но секако дека ѝ е потребно обновување и поголема близина со народот“, изјави за „Фронтлајн“, Нано Ружин – универзитетски професор и поранешен амбасадор во НАТО.

– Векот на политичарите во Македонија не е долг и тоа е разбирливо. Секое демократско општество отстапува место за нови сили, нови луѓе, всушност, нови играчи. Битно е, ако го гледаме низ теоријата на играта, да бидете во првиот тим, да сте во тие „единаесетмина“ кои што ќе ја предводат опозицијата, сега се расчистува простор за нови лица, и тие кои досега не добиле шанси. СДСМ и натаму останува голема партија таа пред сè добро е мрежно организиранa низ целата држава – единствено таа може да направи нешто во смисла – да се соочи сериозно со ВМРО ДПМНЕ, но секако дека и е потребно обновување, поголема близина со народот, вели Ружин.

Кога СДСМ ќе се освежи, додава нашиот соговорник, може да очекуваме една здрава политичка структура која со аргументи ќе се бори против власта на ВМРО ДПМНЕ.

– За тоа ќе има и голем простор, зашто многу прашања, за кои ВМРО ДПМНЕ даваше големи популистички ветувања сега ќе дојдат до израз. Сега ќе треба да се плати тоа што се ветуваше. Да се оствари тоа што беа големи ветување, а понекогаш ирационални, подвлече тој.

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, официјално го потврди своето повлекување од претседателската функција на партијата на состанок на Извршниот одбор. Ова следува по изборниот неуспех на СДСМ на претседателските и парламентарните избори, по кој Ковачевски најави избор на нов партиски претседател и на партиско раководство.

Во дописот кој Ковачевски го достави до Извршниот одбор и до претседавачот на Централниот одбор, тој вели дека повлекувањето од лидерската позиција во партијата е високо морален чин во контекст на изборниот пораз на СДСМ и врз основа на, како што вели, пасивноста на дел од членовите и симпатизерите на партијата, вклучително и најголемиот дел на избраните и именуваните функционери на централно и локално ниво.

извор: Frontline.mk

Треба да знаете
Последни објави