Search

Наполи подготвува нов договор за Елиф Елмас

Наполи нема намера да остане без услугите на македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас. Италијанските медиуми пишуваат дека раководството на клубот и Елмас веќе ги почнале преговорите за продолжување на соработката, истите треба да бидат завршени ова лето.

Наполи е подготвен да му ја зголеми платата на македонскиот бисер, кој во овој тим дојде во 2019 година од таборот на Фенербахче. Елмас заработува 1,5 милиони евра, па сумата сигурна ќе биде значително поголема.

Елмас беше пврзуван со многу клубову изминатиот период, како Милан, Ливерпул…Но, Наполи ја затвори вратата кога станува збор за македонскиот фудбалер, тој нема да биде на продажба, напротив ќе добие нов договор.

Треба да знаете
Последни објави