Search

(Видео) Дрон камиказа падна во близина на Москва, се сомнева дека леталото било украинско

Во областа Тула во Русија, недалеку од поширокиот московски регион, се урнало и експлодирало беспилотно летало камиказа.

Добивај вести на вибер

„Две лица се здобија со рани по експлозија во неделата во градот Киреевск, на околу 220 километри јужно од Москва“, јави агенцијата ТАСС, повикувајќи се на итната служба.

Причината за експлозијата не е веднаш позната, но оставила голем кратер во центарот на градот, во областа Тула, пренесува „Ројтерс“.

Пронајдените остатоци од дронот укажуваат дека се работи за моделот „ту-141“, кој го користи украинската армија, пишува „Блиц.рс“.

„Експлозијата одекна во 15:19 часот (по локално време). Две млади лица родени во 2002 и 2006 година, имаат рани од шрапнели. Итната помош е на местото на настанот“, изјави претставник на локалната служба за итни случаи, пренесува ТАСС.

Претставникот рече дека повредите не се опасни по живот и дека инспекторите се на лице место.

„Соборен дрон без идентификација и официјални ознаки е пронајден на поле далеку од станбени згради“, се вели во соопштението на регионалните безбедносни сили.

Во соопштението се тврди дека итната помош работи на местото на настанот, а луѓето и инфраструктурата не се загрозени.

Растојанието од местото до Москва е околу 250 км, а од границата со Украина 400 км.

Се наведува дека дронот е со големина од 290 на 120 сантиметри.

Инаку, беспилотно летало од типот „ту-141“ се урна минатата година во Хрватска, откако ја прелета земјата од правец на Украина.

Треба да знаете
Последни објави