Search

Украина за доаѓањето на Путин во Мариупол: Криминалецот секогаш се враќа на местото на злосторството

Рускиот претседател Владимир Путин го посети Мариупол, град кој падна во рацете на Русија минатата година по страшното уништување, прикраднувајќи се како крадец и сторител кој се враќа на местото на злосторството без никакво каење, коментираат денеска украинските власти.

„Криминалците секогаш се враќаат на местото на злосторството… Убиецот на илјадници семејства во Мариупол дојде да се восхитува на урнатините на градот и на гробниците. Цинизам и отсуство на каење“, напиша советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак.

„Прво, го направи тоа затоа што беше безбедно. Второ, ноќе може да нагласи што му е важно, да го држи градот целосно уништен и да ги држи тие неколку преживеани жители подалеку од љубопитните очи“, напиша Подољак на Твитер.

Најверојатно дошол ноќе „за да не го види на бел ден градот што го убил со своето „ослободување“, соопшти градскиот совет на Мариупол.

Треба да знаете
Последни објави