Search

Мначестер јунајтед постигна три гола, Фулам заработи три црвени картони

Манчестер јунајтед ја оправда фаворитската улога против Фулам и славеше победа од 3:1 во полуфиналето од ФА Купот. Ваков расплет не се најавуваше на почетокот од второто полувреме кога во 50 минута српскиот интернационалец Александар Митровиќ донесе водство за Фулам од 1:0. Дваесет минути подоцна со помош на ВАР системот беше досуден пенал за Манчестер јунајтед, по што следуваа и три црвени картони за Фулам.

По гледањето на ВАР, судијата покажа на белата точка и му даде црвен картон на Вилијан. На одлуката реагираше тренерот Силва кој исто така доби црвен, но тоа не беше се, Митровиќ имаше физички контакт со судијата, па и беше испратен во соблекувалната на ладење.

Бруно Фернандеш го реализираше пеналот и израмни на 1:1. Две минути подоцна Сабицер погоди за комплетен пресврт и водство на Јунајтед од 2:1. Конечните 3:1 ги постави Бруно Фернандеш со својот втор гол на мечот, овојпат постигнат длабоко во судиското продолжение.

Треба да знаете
Последни објави