Search

Италијанска патека до финалето во ЛШ за претставниците од Серија А

Актуелниот европски првак Реал Мадрид ќе игра против Челзи во четвртфиналето од фудбалската Лига на шампионите (ЛШ), одлучи денешната жрепка во Нион. Победникот од овој двомеч во полуфиналето ќе игра против поуспешниот од пресметката меѓу Манчестер сити и минхенски Баерн.

Во преостанатите два четвртфинални дуели се среќаваат Интер против Бенфика, како и Милан против Наполи во италијанската пресметка. Победниците од овие два дуели ќе бидат противници во полуфиналето. Според ждрепката претставниците од Серија А лесно може да се случи по италијанска патека да стигната до финалето на ЛШ.

Првите натпревари од четвртфиналето се играат на 11 и 12 април, а реваншите се една недела подоцна.

Полуфиналињата се на распоредот на 9 и 10 мај, односно 16 и 17 мај.

Финалето е на 10 јуни во Истанбул.

Треба да знаете
Последни објави