Search

Инфантино реизбран на позицијата старо-нов претседател на ФИФА со акламација

Швајцарецот Џани Инфантино останува прв човек во светскиот фудбал и во наредните четири години, откако денеска со акламација бил изгласан за старо-нов претседател на ФИФА. Довербата ја добиул на 73. конгрес на ФИФА во Кигали, главниот град на Руанда. Инфантино немаше против кандидат. Ова е прв реизбор за Инфантино на претседателската позиција на ФИФА, откако го замени суспендираниот претходник Јозеф Блатер во 2016 година. Тоа значи дека Инфантино може повторно да се кандидира за уште еден мандат од 2027 до 2031 година, според статутот на ФИФА.

-Ова за мене е огромна чест, задоволство, но и голема одговорност. Навистина сум среќен што ќе можам уште многу да придонесам за развојот на фудбалот, ќе бидам слуга на фудбалот и унапредувањето на спортот ширум целиот свет. Имам љубов за сите луѓе, и за оние што ме сакаат и за оние што не ме сакаат. Ќе докажам дека сум вистинскиот човек за оваа позиција, судете ми на крајот на мандатот.

Во моментов ФИФА располага со фонд од 7,5 милијарди евра, а тој уште повеќе ќе се зголемува. Имавме одлична сезона со прекрасно Светско првенство во Катар и ветувам дека во следниот циклус, приходите и фондот на ФИФА ќе порасне до 11 милијарди евра. Овие средства во голема мера ќе бидат искористени за развој на фудбалот во многу држави, заклучи старо-новиот претседател на ФИФА. 

Џани Инфантино исто така ветил и засилена контрола на трансферите и значително поголема транспарентност во овој сегмент. Швајцарецот дојде на кормилото на ФИФА во 2016 година. 

Треба да знаете
Последни објави