Денеска продолжува судењето на Рашковски

Денеска продолжува судењето  за поранешниот генерален секретар на владата Драги Рашковски.

Рашковски како првообинет во случајот „Софтвери“ се товари за злоупотреба на службена должност и овластувања. Според обвинението, Рашковски не ги извршил службените должности при спроведување на четирите постапки за јавна набавка за систем за биометриска идентификација и јавна набавка на софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни. Случајот го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Ивана Трајчева.

(С.Ѓ.)
Треба да знаете
Последни објави