Search

Цеца знаеше дека сакаат да го убијат Ѓинѓиќ, вели Чедомир Јовановиќ

Српскиот политичар Чедомир Јовановиќ во интервју за српски портал открива дека популарната пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ, сопруга на Жељко Ражнатовиќ – Аркан, озлогласен криминалец обвинет за воени злосторства, била запознаена дека ќе биде извршен атентат врз тогашниот премиер Зоран Ѓинѓиќ, па дури и дека учествувала во обезбедувањето алиби на дел од учесниците во атентатот.

– Се сеќавам на разговорот во кој обвинителството ми кажа дека треба да ги исклучиме Булатовиќ, Томиќ и Цеца од случајот. Коштуница ќе го сруши судот ако не го направиме тоа – рече Јовановиќ за Курир.рс“.

Јовановиќ тврди дека Ражнатовиќ бил свесна дека се подготвува атентат врз премиерот.

На Цеца на паркингот пред стадионот Обилиќ ѝ кажаа дека ќе го убијат Зоран ( Ѓинѓиќ) и дека некој треба да има алиби, со тоа што ќе каже дека тогаш бил кај неа. Веќе еднаш се извлекоа со тоа кога го убија Баточанин. Дали Цеца можела да се однесува поинаку, тоа е друга работа. Секој си го носи својот крст, но таа е претставена како мајка на Србија, а тоа зборува за оваа земја и за сите нас на лош начин – рече Јовановиќ.

Во својот емотивен настап на телевизиската продукција на Курир.рс Јовановиќ рече дека „Србија е земја во која за луѓето се зборува добро дури кога ќе ги нема“.

– Оваа земја беше толку глупава во односот кон Зоран, и таа голема емпатија што уследи кристално зборува за таа наша проклета особина за луѓето да зборуваме најдобро дури откако ќе ги изгубиме. Во Србија за луѓето се зборува најдобро само на погреби, тоа е ужасот – рече Јовановиќ.

Треба да знаете
Последни објави