Ф1 шампионот Џенсон Батон ќе се натпреварува во НАСКАР

Поранешниот светски шампион во Формула 1 Англичанецот Џенсон Батон (43) годинава ќе учествува на три трки од серијата НАСКАР Купот, објавија организаторите.

Батон, кој го освои шампионатот во Ф1 во 2009 година во болид на Браун, ќе вози Рик Вер Рејсинг Форд Мустанг.

Својот прв настап ќе го има на 26 март на патеката на Америка (COTA) во Остин. Потоа ќе се натпреварува на 2-ри јули на Стрит трката во Чикаго, а на 13-ти август на патеката во Индијанаполис Motor Speedway Road Course.

– Секогаш кога поранешен Ф1 возач влегува во сериски автомобил прво се мачи. Им треба малку време за да се привикнат, па не очекувам веднаш да бидам на врвот. Затоа е важно што ќе учествувам на повеќе од една трка за да можам да го извлечам најдоброто од себе и најдоброто од болидот – изјави 43-годишниот Англичанец.

По пензионирањето од Ф1 во 2017 година, Батон возеше спортски автомобили во класата GT500 од јапонската серија Super GT, каде што ја освои шампионската титула во 2018 година. Тој исто така се натпреваруваше на 24 часа Ле Ман.

– Оддалечувањето од Ф1 ми даде можност да пробам различни серии кои ме воодушевија. Тркав со Super GT во Јапонија. Се тркав и во Ле Ман. Се тркав надвор од патеката бидејќи тоа беше уште една вештина за учење. Го сакам тој предизвик – додаде тој.

Треба да знаете
Последни објави