Search

Француската легенда „удри“ по Меси: Не го сакаме, нека си замине – како да си игра со нас!

Пари Сен Жермен повторно ја разочара француската јавност како и во годините претходно кога е во прашање фудбалската Лига на шампионите. „Светците“ се елиминирани во првата рунда од нокаут-фазата, со два порази во осминафиналниот двомеч од германскиот Баерн Минхен (2:0 и 1:0). Богатите газди на ПСЖ потрошија над милијарда евра за да ангажираат повеќе фудбалски ѕвезди, но и тоа не им помогна да стигнат до најпосакуваниот клупски европски трофеј.

По елиминацијата следуваа многу критики, а легендарниот Жером Ротен кој дресот на „светците“ го носеше од 2004 до 2009 година „удри“ по Меси.

„Не го сакаме, нека си замине! Не сака да се даде себеси за клубот. Читав некои изјави дека се прилагодил. На што тоа се прилагодил?! На тоа да постигнеш 18 голови и наместиш 16 во натпревари со Аже и Клермон?! Во важните натпревари никаде го нема. Како да си игра со нас. Сите видовме како играше на Светското првенство и колку беше посветен. Разбирам дека репрезентацијата е нешто друго, но мораш да го почитуваш и клубот кој ти дава плата. Само ПСЖ во Европа може да му ги даде примањата кои сега ги има. Сите очекуваа Меси да помогне во освојувањето на Лигата на шампионите, но досега не направи ништо, изјави Ротен.

Треба да знаете
Последни објави