Search

Атаман: Навивачите на Црвена звезда се срам за спортот

Тренерот на европскиот првак Анадолу Ефес, Ергин Атаман, по дебаклот на неговиот тим во Белград од Црвена звезда (94:75), зборуваше за домашните навивачи. Атаман не го дочека крајот на натпреварот, бидејќи беше исклучен поради две технички грешки. Тренерот на Анадолу Ефес, цело време бурно реагираше на судиските одлуки.

„Ја разбирам убавината на фер-плеј навивањето што во целост ја покажува убавина на овој спорт. Навредите што ги добив од навивачите на Црвена звезда во текот на целиот натпревар во Белград се срам за спортот и за Евролигата“, изјави Атаман.

По изјавата на Атаман се огласи новинарот на британски „Сан“, Сем Стрит.

„Кога ќе ја погледнете историјата на односите помеѓу Црвена звезда и Атаман, тој треба да биде благодарен што му викаа само „да се е.е““, напиша Стрит.

Треба да знаете
Последни објави