Search

Руски виролог кој учествувааше во развојот на вакцината Спутник задавен со каиш од разбојник

Рускиот виролог Андреј Ботиков, кој помогна во развојот на вакцината Спутник V против корона вирусот, е пронајден мртов во стан во Москва, јавуваат медиумите.

Андреј Ботиков е еден од 18-те научници кои учествувале во развојот на вакцината Спутник V во Националниот истражувачки центар Гамалеја. Тој беше пронајден задавен во неговиот дом во Москва.

Се претпоставува дека 29-годишен маж за време на расправијата го задавил научникот со каиш, а потоа побегнал од местото.

Според официјалните документи, тој наводно бил убиен од разбојник кој упаднал во неговиот дом.

Во меѓувреме, полицијата го привела осомничениот и тој ја признал вината.

Треба да знаете
Последни објави